Во услови на демократско општествено уредување нема сомнеж дека образованието е еден од најважните сегменти од кое зависи не само иднината на поединецот туку и иднината на државата воопшто. При креирањето на квалитетен образовен систем неопходно е да се води сметка и за малцинствата, кои во секој случај покрај општите имаат и свои специфични потреби во областа на образованието. Во Република Македонија, како и во некои од поранешните ЈУ републики, постојат маргинализирани етнички заедници кои од веќе постоечки социо – економски, историски и културолошки причини не се вклопиле целосно во образовниот систем. Маргинализацијата или исклученоста е најчеста појава кај ромската популација. За да им се обезбеди квалитетна инклузија во образовниот систем на децата од ромската популација, покрај законската регулатива за задолжително основно и средно образование, мора да се пронајдат и други начини за тие редовно да доаѓаат на училиште со што ќе им се подобри стандардот на животот и ќе им се отворат поголеми можности за продуктивна ориентација во општествената средина.На тој начин би се намалило девијантното однесување и социо-патолошките појави на голем број поединци, а би се поттикнала и развивала креативноста и иновативноста.
from Едукативни блогови http://ift.tt/2asGBob
via IFTTT
Нема коментара:
Постави коментар