Инклузијата како човеково право
Инклузијата не е проблем туку човеково право за квалитетно образование и општествен развој.Општеството кое ја поддржува инклузијата креира училишта по мерка на детето, на учениците им овозможува целосно постигнување на нивните потенцијали, Наставните Планови и Програми ги прилагодува според индивидуалните потреби на детето и создава демократска атмосфера во која има почитување на различностите и човековите права. Инклузијата има потенцијал да ги намали стравовите и да изгради пријателство, почитување и разбирање.
Движењето за инклузија во светот се појавува кон средината на минатиот век, но во новиот милениум тоа од движење за инклузија на маргинилизираните и од образовниот систем исклучените групи прераснува во широко прифатена визија и е предизвик за секое општество кое маргинализацијата ја гледа како општествена закана. Во таа смисла инклизијата во својата суштина претставува движење во образованието кое ги обединува различните методи, стратегии и техники за развој на квалитетно и праведно образование за сите.
Според С.Миљковић инклузивното образование се одредува како процес на задоволување на потребите на учениците во рамките на редовниот образовен систем со употреба на сите расположиви средства за да се создадат можности децата да стекнуваат знаењa, умеења и вештини со што ќе се подготват за живот во општествената заедница. Посебно се акцентира образованието на маргинилизираните социјални групи. На тој начин училиштето станува отворено за сите ученици кои во училиштето без оглед на нивните способности и можности во дадени области стануваат дел од училишната заедница и се со еднакви услови да учат заедно со останатите во одделението.
Социјалната инклузија, односно движењето за општествена вклученост како основен проблем го истакнува односот на општествената средина кон различностите ( интелектуални, физички, културолошки, јазични, конфесионални и т.н). Стравот, предрасудите и незнаењето се причини за исклучување на оние кои се поинакви. Ставовите претрпуваат промени преку интеракцијата и заедничкиот живот. Од тие причини во социјалниот модел на инклузија акцент се става на создавање услови во општествената средина, а не на личноста која е различна. Значи не треба да се обидува системот на образование да ја смени различноста кај личностите туку да се изменат условите за нивно третирање.
Инклузијата треба да се разбере како процес во образовниот систем со кој ќе се овозможи развој на сите индивидуи вклучени во него.
Што претставува поимот маргинализација?
Маргинализацијата, најчесто, се дефинира како процес преку кој на одделни групи и поединци им се негира и им се оневозможува пристапот до основните општествени текови и позиции на економската, политичката и социјалната моќ во општеството. Притоа, маргинализирани се оние општествени групи кои се наоѓаат на периферијата на општествената заедница и општествениот живот и немаат речиси никакво влијание врз општествените процеси (Sociološki leksikon, 337) (според В.Димитриевска).
Во поголема или помала мера некои популациони групи остануваат надвор од општествениот систем, дури и надвор од системот на здравствена заштита во состојба на социјална маргинализираност, која се одвива со определена динамика. Феноменот на социјална маргинализираност разликува неколку социјални групи во популацијата, и тоа: Ромите, болните од СИДА, хомосексуалците,осудените лица кои се во затвор, личностите со пореметено ментално здравје, бегалците, малолетните деликвенти, проститутките,наркоманите и бездомниците.
Во овој труд ќе се задржам на објаснување на феноменот на маргинализација на ромската популација,како и предлозите за инклузија во образовниот систем на ромските деца.
Денес, сè повеќе се прават обиди за остварување поголема интеграција на Ромите во општеството,особено поголемите напори покажуваат резултати во образованието, но пред сè, тоа им се случува на мал број поединци.Скоро и да нема ромски деца во градинките, а во основното образование ги запишуваат, но тие деца нередевно ја посетуваат наставата. И повторно во средните училишта се намалува нивниот број иако државата предвидува парични санкции за учениците кои не одат редовно на часови од неоправдани причини.
Заради необразованост,се јавува низок процент на вработеност, а тоа условува низок стандард на живот во недоволно хигиенски услови, без водоснабдување што е причина за појава на здравствени проблеми кои доведуваат до тоа просечниот животен век на Ромите да биде 50 години. Ромите низ целата своја историја се занимавале со разни и специфични занимања. Специфичноста се забележува во тоа што занимањата биле или станале само ромски занимања. Од сите дејности со кои се занимавале Ромите, најмногу бил застапен ковачкиот занает. Ромите успеале да доминираат со изработки од дрво, најчесто корита за перење, лажици и кошници. Тие биле и ќумурџии, изработувачи на сита и решета, продавачи на перја… Во поголемите градови најчесто работат како носачи на товар, чистачи на улици, сезонски работници (Djordjеvić, Т., 17) (според В.Димитриевска).
Според В.Димитриевска, ромскиот јазик, е најзначајниот фактор кој го одржал нивниот идентитет. Нивниот јазик во основа претставува историско и колективно помнење на нивните корени, културата, материјалниот и духовниот свет кои ги опкружувале, далеку низ историјата во нивната прататковина. Онаму каде што интеграцијата потешко се остварувала, повеќе се зачувал изворниот ромски јазик, но во таквите случаи овие групи биле повеќе изолирани и маргинализирани.
Музиката на Ромите е еден од најзначајните белези на нивната култура и идентитет, која во значајна мерка ги задржала своите корени и изворност. Музицирањето и пеењето било и сè уште е еден од најкарактеристичните занаети на Ромите, што е резултат на ромската култура и односот кон музиката.
Во однос на религијата, Ромите низ вековното опстојување на одредени територии, ги прифаќале религиските обреди и обичаи на населението во соодветната земја, поради што религијата не се покажала како позначаен фактор на нивната маргинализација во содветните општества.
Кога се зборува за Ромите, треба да истакнеме дека многу распространето меѓу Ромите е питачењето – појава која сè уште е присутна кај маргинилизираните семејства. Иако денес е присутна појавата на питачење кај Ромите, ставот кон питачењето почнува да се менува кај поголемиот дел од ромската популациија. Освен питачењето како начини за преживување се користат нелегална трговија на разни стоки, па и дрога, проституција,крадење и др.
Ромите во Македонија соочувајќи се со голем број социјални проблеми,на последно место го ставаат образованието на своите деца.За нив не постои точна евиденција колку ги има во РМ. Еден од проблемите е и нивниот нерешен статус со државјанството.Имено, многу Роми останале без државјанство од причини што немале доказ дека постојано живеат на територијата на РМ во континуитет од 15 години. Исто така за тие семејства да поднесат барање за утврдување на државјанство таксата е превисока, па ниту се трудат тоа да го сторат. Има случаи каде повеќе од 20 семејства се пријавени на иста адреса, што исто така е проблем.
Следен проблем е што не постои точна евиденција на живородени ромски деца бидејќи ниту се воделе редовни здравствени контроли при бременоста,ниту пак, ако биле родени во домашни услови некој отишол во СВР да ги заведат и да добијат свој единствен матичен број. Заради тие и многу други причини од социјален карактер училиштата немаат евиденција кои ромски деца треба да бидат запишани за редовно школување, па пристапот до каква и да е форма на организирано образование во раното детство кај ромските деца е многу низок.А, уште помал е бројот на ромски деца кои го продолжуваат средното образование.Тоа особено важи за женските деца кои многу рано стапуваат во брак. Ова влијае врз резултатите и постигањата во учењето и понатаму се одразува на нивниот психо – социјален развој.
Ромите во Македонија обично се двојазични,а не ретко и тројазични. Ромските деца во Македонија или не се образоваат добро или воопшто не се образоваат.Многу ромски деца не одат во училиште или одат нередовно,а како причини обично ги истакнуваат недоволната финансиска моќ и оддалеченоста на училиштето од нивните живеалишта.
Предлози за надминување на проблемите
Сите треба да сносиме заедничка општествена одговорност, покрај индивидуалната, за решавање на проблемот со инклузијата на социјално маргинилизираните групи. Образовните и здравствените проблеми на овие групи можат да се решат само институционално со добро осмислени цели, стратегии и програми.
Најнапред треба да се утврдат стандардизирани индикатори со кои ќе се утврди фактичката состојба со невклученоста во образовниот систем и целокупното општествено живеење. Индикаторите за квалитетот на животот, објективно се приспособуваат кон потребите и реалните состојби водржавата.
Да се постават стратешки цели кои би опфатиле институционално организирање работилници за децата и родителите на социјално маргинилизираните семејства со што ќе се унапредат личните компетенции на поединците, ќе им се овозможи управување со одредени проекти, описменување на неписмените возрасни лица, вклучување на мајките во приготвување на традиционална храна со што ќе ги истакнат вештините за готвење, поддршка во пеењето и играњето традиционални ромски песни и танци.
Корисно би било државата да се фокусира на следните задачи:
- Описменување на возрасните;
- Развивање позитивна слика за себе кај поединци;
- Подобрување на вниманието и концентрацијата;
- Препознавање и именување на чувствата и потребите;
- Препознавање и откривање на надареност и талентираност;
- Поттикнување и развивање на креативноста;
- Развивање начини на соработка;
- Развивање корисни навики и превентивно дејствување за да се спречат појавите на девијантно однесување.
Во училиштата не постојат прилагодени програми за инклузија на ромските деца, па оние деца кои посетуваат настава учат според истата програма и оценувани се со истите критериуми кои се формираат според Блумовата таксономија и важат за сите ученици подеднакво. Тоа исто така претставува проблем кој во иднина треба да се надмине.
Видови поддршка во училиштето:
- На тестовите овие ученици да одговараат со отворени книги;
- Да им се даде дополнително време за решавање на тестовите;
- Ако им е потребно на прашањата од тестовите усно да одговараат;
- Да им се обезбедат големи печатени букви, филмови, визуелни помагала, слики постери, материјали за работа;
- Подолгите лекции да се поделат на пократки делови;
- Да се создаде систем на наградување за успешните;
Моделот на инклузија на социјално маргинилизираните треба да им овозможи слободно одлучување и преземање одговорност за сопствениот живот. Децата имаат основни потреби кои мора да бидат задоволени, со цел да се обезбеди соодветно ниво на ментален, психички и емоционален развој.
from Едукативни блогови http://ift.tt/2agh6TY
via IFTTT
Нема коментара:
Постави коментар